Утрински Весник
Македонија

Нова вселенска трка: САД и Кина во борба за Месечината

Mmmmm.png

Човештвото повторно влегува во период на интензивна вселенска конкуренција, оцени Радан Митровиќ од Скопското астрономско друштво во гостување на 4ТВ.

Тој посочи дека САД во моментов имаат технолошка предност, но дека Кина брзо напредува и веќе има планови во наредните години да стигне до Месечината.


Според него, не е доволно само да се реализира мисијата, туку клучно е астронаутите безбедно да се вратат назад на Земјата.

„Сведочиме на надпревар кој прв ќе ја реализира таа мисија“, изјави Митровиќ, додавајќи дека за разлика од минатото, кога целта била геополитичка доминација, сега фокусот повеќе се става на развојот на технологијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога