Утрински Весник
Македонија

Генералштабот на Армијата ќе информира за отпочнувањето на активностите за вежбата „Блесок 26“

20221113170902 big 730x400 98.webp.webp

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и директорот на националната вежба „Блесок 26“, полковник Игор Арсовски, денеска во Генералштабот на Армијата ќе информираат за отпочнувањето на активностите за вежбата.

Вежбата ќе се одржи од 19 до 27 април и ќе се спроведе на повеќе локации, вклучувајќи ги: армискиот полигон „Криволак“, касарните „Јане Сандански“ во Штип, „Мирче Ацев“ во Прилеп и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.


Од Канцеларијата за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека вежбата е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата. Главна цел на вежбата е  да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Ова, како што се посочува, ја прави вежбата „Блесок 26“ и оценувањето на ЛПБГ еден од врвните армиски и национални приоритети за годинава.

Можете да прочитате

ДРАМА КАКО ОД ФИЛМ: Двајца киднапирале човек и го уценувале со пиштол, добија притвор!

ЗНМ и ССНМ: Филипче да престане со напади врз новинари

Судот со нови детали: Дел од казните застарени, но Груевски се соочува со уште 9 години затвор