Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Vreme4.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.


Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степени.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. 

Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. 

Можете да прочитате

Делегација од Македонија во студиска посета на француски институции за јакнење на системот за обука на јавната администрација

Мопедист тешко повреден, излетал од патот за да избегне судир со товарно возило

Мицкоски: Законот за пушење ќе се спроведува на целата територија на државата, нема да има повластени