Утрински Весник
Македонија

Делегација на ТХП во посета на Анкара

Img 20260410 wa0011.jpg

Соопштение за јавност на ТХП

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите одржани во Анкара, реализираше повеќе значајни посети и средби.


Во рамки на програмата, делегацијата најпрво оддаде почит на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, со посета на Аниткабир.

Потоа, делегацијата оствари средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од заеднички интерес.

Во продолжение, делегацијата го посети и седиштето на Републиканската народна партија (ЏХП), каде оствари средба со претседателот Озгур Озел, кој по потекло е од Македонија. На средбата, како симболичен гест, му беше врачена копија од изводот на родените на неговата баба, родена во Кичево.

Партијата за движење на Турците (ТХП) останува посветена на унапредување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји.

Можете да прочитате

Едниот палел, другиот чувал стража – детали за опожарувањето на синагогата во Скопје

Автомобил излетал од патот, тешко повредено 20годишно момче

Две лица киднапирале 21 годишно момче од Неготино