Утрински Весник
Свет

До 15 часот во Унгарија гласале скоро пет милиони луѓе, обвинувања за неправилности

Peter magar ungarija.jpg

До 15 часот на денешните парламентарни избори во Унгарија гласале 4.968.713 граѓани, односно 66,01 отсто од вкупно 7.527.742 регистрирани гласачи. За споредба: пред четири години во исто време гласале само 42,04 отсто. Разликата е огромна , речиси 24 отсто повеќе.

Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува резултатите вечерта од 20 часот со ажурирање на секои десет минути. Гласовите ќе се обработуваат по одреден редослед: прво за индивидуални кандидати, потоа за партиски листи, на крај за листи на национални малцинства. Обработката на околу 232.000 гласови пристигнати по пошта започнува уште од 19 часот. Конечните резултати по изборни единици се очекуваат најдоцна до следната сабота.


„Еден глас — 80 евра?”

Изборниот ден не минува без тензии. Михај Гер, локален советник на Зелените во местото Алберртирша, изјавил за Политико дека во неговиот крај на гласачи им нудени износи и до 30.000 форинти околу 80 евра за да гласаат за Фидес. Реагирајќи на овие тврдења, унгарскиот бизнисмен Ѓерѓ Вабeрер во недела на Фејсбук понудил 300.000 форинти на секој кој ќе разоткрие изборна измама. Поради сомнежи во регуларноста на изборниот процес, гласањето го надгледуваат стотици меѓународни набљудувачи меѓу кои и пратеници на Европскиот парламент.

Редови низ цела Европа

Гласаат и Унгарците во странство и редиците се огромни. Во Хаг, Стокхолм, Копенхаген, Осло, Малага и Минхен пред дипломатско-конзуларните претставништва се формирале долги колони, а на некои локации се чекало подолго од еден час.

Политичкиот аналитичар Пањи го нагласил она за кое многумина шепотат: рекордната излезност не само што ги зголемува шансите на Тиса туку и веројатно ги туркА сите останати партии под цензусот од 5 отсто. Тоа значи дека ултрадесничарската „Наша татковина”, потенцијален Орбанов сојузник, лесно може да остане надвор од парламентот и да и овозможи на Тиса апсолутно мнозинство.

Можете да прочитате

Орбан го призна поразот – 24info.mk

На над 50% пребројани гласови: Тиса 136, Фидес 56 пратенички места

Избројано 20% од гласовите: Тиса со двојна предност пред Фидес на Орбан