Утрински Весник
Скопје

Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад” – проектот добива форма од ден на ден

Img 0484.jpeg

Работите на улицата „Ферид Мурад” продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци.


„Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани”, изјави Меџити.

Во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост