Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Ако никој не се пријавува, јас се пријавувам – време е да профункционира анкетната комисија за Кочани

Va97onojn3kaapkgxv7d.jpg

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, изјави дека се пријавува како прв кандидат за член на анкетната комисија за Кочани во Собранието, реагирајќи на прашањата зошто неговата партија сè уште не предложила свои претставници.

„Не знам кој што чека, но јас сум првиот што се пријавувам за член на анкетната комисија. Ако никој нема размислено, ете јас сум првиот – така што половина работа е завршена и имаат едно име помалку за дилема“, изјави Битиќи.


Тој смета дека власта наоѓа изговори за да не профункционира комисијата, додавајќи дека СДСМ не бега од отворање на чувствителни прашања, вклучително и случајот со модуларната болница.

„Како што кажа и претседателот на СДСМ, ние не се плашиме од дебата. Подготвени сме да разговараме за сè“, истакна Битиќи.

Во своето излагање, тој посебно нагласи дека како родител чувствува одговорност да се утврдат сите пропусти поврзани со трагедијата во Кочани.

„Како родител сметам дека мора да им дадеме одговор на родителите и на целата јавност – кој бил одговорен и каде имало пропусти, за вакви трагедии никогаш да не се повторат“, рече тој.

Битиќи оцени дека е важно општеството да покаже доблест и одговорност, а целиот процес конечно да добие епилог.

На прашањето дали својот став ќе го соопшти и на партиското раководство, тој одговори дека веќе им помогнал со неговата одлука.

„Еве јас им помогнав – се пријавувам како еден од двајцата. Сега е полесно, 50% од проблемот е решен“, изјави Битиќи.

Можете да прочитате

Од вторник облачно со врнежи од дожд

Струја од пловечки фотоволтаици за акумулацијата Паљурци и хидросистемот „Ѓавато“ на Дојранско Езеро

ВЕЛИКА САБОТА: Облачна воздушна маса од север носи локални врнежи