Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

123.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „48 Часа” истакна дека довербата што ја добил од граѓаните за втор мандат ја оправдува преку работа на терен и реализација на проекти за што има поддршка и од Советот.

„Среќен сум што со Советот во овој буџет за првата година од мандатот обезбедивме средства за многу од проектите што ги ветувавме во програмата. Слободно можам да кажам дека за околу 90 проценти од проектите се предвидени финансиски средства за започнување на големите капитални инвестиции”, pече Герасимовски.


Тој посочи дека во моментов се работи на повеќе инфраструктурни зафати во различни делови на општината, како реконструкција на улици, уредување на јавни простори и реализација на капитални инвестиции предвидени во програмата.

На почетокот на годината ја завршивме салата „Работнички”, што  ја започнавме во првиот мандат, а продолжуваме и со повеќе улици кои се веќе започнати. Улицата „Мирослав Крлежа” во Дебар Маало целосно се реконструира, а пред неколку дена ја отпочнавме и реконструкцијата на улицата „Ленинова”, каде што го обновивме едниот, а сега и вториот крак. Отпочнавме и со уредување на паркот кај Зелениот пазар, каде што е предвидено партерно и хортикултурно уредување, како и нови детски и спортски игралишта. Продолжуваме со исто темпо и верувам дека поголемиот дел од капиталните проекти што ги ветивме пред граѓаните ќе ги завршиме во првата година од мојот мандат”, рече Герасимовски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Меџити: Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија, денес резултатите се видливи

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри