Утрински Весник
Скопје

Министерство за култура: Универзална сала почнува да се гради

Univerzalna sala 2.jpg

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека по долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, велат од Министерството за култура.

Министерството за култура и туризам информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи.


Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот.

Проектот се реализира по принципот „клуч на рака”, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028.

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации.

Министерството за култура и туризам останува целосно посветено на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава.

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето