Утрински Весник
Македонија

Детали од разоткриена група за наркотрговија: Акција на ЕБР и „Тигар“ низ повеќе градови

Img 1634.jpeg

Седум лица се лишени од слобода во голема координирана полициска операција насочена кон сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена денеска (07.04.2026) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со СВР Струмица, како и специјалните единици ЕБР и САЕ „Тигар“, а под координација на јавен обвинител од ОЈО ГОКК.


Според информациите, криминалната група делувала на повеќе локации низ државата и била вклучена во организирање, набавка, продажба и дистрибуција на наркотична дрога.

Во рамки на акцијата, приведени се четири лица од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, додека извршени се претреси на вкупно 15 локации во овие градови.

При претресите, полицијата обезбедила значајни материјални докази. Пронајдени и одземени се наркотична дрога, пиштол со рамка и муниција, седум патнички моторни возила, седум мобилни телефони, како и поголема сума на парични средства.

Од МВР информираат дека активностите продолжуваат со цел целосно расчистување на случајот. Во тек е обработка и вештачење на одземените предмети, а осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе