Иако многумина не веруваат во поврзаноста меѓу хороскопот и здравјето, сè повеќе анализи укажуваат дека карактерот и начинот на живот можат да имаат значително влијание врз долговечноста. Еден од клучните фактори е стресот, а токму одредени хороскопски знаци знаат подобро да се справат со него.
На врвот на листата се наоѓаат Раковите, кои важат за внимателни и посветени на сопственото здравје. Тие обрнуваат внимание на исхраната, одморот и семејството, што им помага да одржат стабилен и балансиран живот.
Веднаш по нив се Девиците, познати по дисциплината и грижата за деталите. Тие ретко дозволуваат да бидат под силен стрес, бидејќи навреме ги контролираат ситуациите и се грижат за својата физичка и психичка состојба.
Овните, пак, се издвојуваат по силната волја и способноста да се дистанцираат од негативни луѓе. Со тоа избегнуваат непотребен стрес и создаваат средина во која се чувствуваат удобно.
Меѓу знаците кои исто така се поврзуваат со подолг живот се и Јарците, Скорпиите, Стрелците, како и Водолиите и Вагите, најчесто поради нивниот поопуштен и флегматичен пристап кон животот.
И покрај ваквите тврдења, експертите потсетуваат дека најважни фактори за долг живот остануваат здравите навики, редовната грижа за телото и способноста да се избегнува стресот – без разлика на хороскопскиот знак.

