Утрински Весник
Македонија

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

Pruga Zeleznica Sine Pixabay 2.jpg

Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи во воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 5 април 2026 година во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија. Несреќата се случила на локацијата позната како „Подвозник“, каде што, според пријавата, мигрантот се обидел да се качи во воз кој веќе бил во движење, по што паднал и завршил под тркалата.


Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од МВР наведуваат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, додека увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови