Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?

Orelselo.jpg

Силно полициско присуство утрово е забележано во светиниколското село Орел јавуваат локални медиуми.

Според информациите се пребаруваат стари бунари и околината на тамошните викендички.


Граѓаните веруваат дека е најден некаков траг од Злата Јанкова 45годишна жена која исчезна во јуни 2024 година.

„Врие од полиција, се пребарува бунарот, летаат дронови, но никој ништо не ми кажува. Мислам дека ја бараат Злата“, изјави Јанков.

Тој посочува дека истиот терен бил пребаруван и претходно, но без резултати.

Јанков кој ја бара својата сопруга скоро две години во неколку наврати штрајкуваше со глад со цел да изврши притоск врз институциите Злата да биде пронајдена.

Повеќе информации очекуваме од МВР во текот на денот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол