Утрински Весник
Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

Tramp 1.webp.webp

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина.

– Мислам дека има добри шанси утре за постигнување договор, рече Трамп во телефонско интервју за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“.


Тој рече дека им дал амнестија на иранските преговарачи за да се осигури дека разговорите можат да продолжат. Тврди дека Вашингтон е во контакт со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф.

Од Иран засега нема коментар за тврдењето на американскиот претседател дека „има добри шанси за договор“.

Трамп претходно денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.

Можете да прочитате

Во судар на брз воз-TGV и камион во северна Франција загина машиновозачот, 27 патници повредени

Лекарите во Англија започнаа шестдневен штрајк поради владината понуда за плати

Околу една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво