Утрински Весник
Балкан

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа

Orban.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика вонредна седница на Советот за одбрана за денеска попладне откако српските власти пронајдоа експлозиви и средства за нивно активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Орбан објави на својата страница на социјалните мрежи дека токму имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.


„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ. Српските власти пронајдоа моќна експлозивна направа и средства за нејзино активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Истрагата е во тек. Свикав вонреден совет за одбрана за денеска попладне“, напиша Орбан на својот Фејсбук профил.

Вучиќ денеска разговараше со Орбан за првите резултати од истрагата на српските воени и полициски власти во врска со заканата за критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија и објави дека се пронајдени експлозиви со разорна моќ и фитили потребни за нивно активирање.

„Нашите единици пронајдоа експлозиви со разорна моќ и фитили потребни за нивно активирање. Го информирав премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“, изјави Вучиќ претходно денеска на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31