Утрински Весник
Македонија

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Delegacija od makedonija go poseti tumo centarot za kreativni texnologii vo ermenija image bamr.jpg

Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ереван, Ерменија, водечки центар за едукација на млади во дигитални и креативни области.

ТУМО нуди иновативен образовен модел – бесплатен пристап за млади од 12 до 18 години до знаења и вештини во програмирање, анимација, развој на игри, веб-дизајн и други современи области, преку комбинација на самостојно учење, практична работа и менторство од експерти.


Посетата овозможи директен увид во современи образовни методологии, воспоставување јавно-приватни партнерства и начини на мерење на влијанието врз развојот на младите. Овие искуства се од особено значење за унапредување на институционалните капацитети и подобра координација во развојот на слични иницијативи и кај нас.

Надвор од Ерменија, ТУМО има центри во повеќе европски, азиски и јужноамерикански градови. При посетата се дискутираше и за можноста за основање на ваков центар и во нашиот главен град.  

Можете да прочитате

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ