Утрински Весник
Македонија

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Img 1408.jpeg

Професорот Миодраг Лабовиќ смета дека вистинските реформи во државата зависат од воспоставување на систем кој ќе биде заснован на научни анализи, но и од начинот на кој луѓето функционираат во него.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, одговарајќи на прашањето каков систем би донел промени, Лабовиќ посочи дека станува збор за сложен модел кој бара долгорочен пристап.


„Видете вака, тоа е еден посложен систем којшто е базиран на долгорочни фундаментални научни анализи и истражувања. Меѓутоа, главното е дека кај нас постојат дилеми или, јас би ги нарекол, фундаментални заблуди кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите, во смисла дека нема систем, дека систем се луѓето и дека не е крив системот или луѓето“, изјави Лабовиќ.

Тој потенцираше дека не може да се прави јасна поделба меѓу системот и поединците, бидејќи тие се меѓусебно зависни.

„Точно е дека системот го прават луѓето, но и самиот систем има определено обратно влијание врз тоа како тие луѓе ќе се однесуваат“, додаде професорот.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати