Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето

Whatsapp image 2026 04 02 at 11.10.45 1.jpeg

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично”, во период од 09:00 до 15:00 часот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари.

„Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот младински центар „МАТИЧНО” и да се консултираат со тим специјалисти за своето здравје, да направат превентивни мерења на притисокот и шеќерот во крвта, и да добијат бесплатни совети. Оваа акција ја спроведуваме со цел да ја поттикнеме свеста за грижата за сопственото здравје и превентивните контроли. Здравото население е најголемото богатство на една држава”,  порача Герасимовски.

Граѓаните во понеделник ќе имаат можност за својата здравствена состојба  да  поразговараат со тим составен од гинеколог, ортопед, дерматовенеролог и инфектолог. Во рамки на акцијата на Општина Центар, студенти по медицина ќе вршат мерење на крвен притисок и гликоза во крвта.

Во стручниот тим ќе бидат вклучени и советниците во Советот на Општина Центар, Снежана Георгиева Јаневска – гинеколог и Александар Савески – ортопед трауматолог.

Активноста се реализира во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Општина Центар продолжува со иницијативи насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на здравите животни навики кај граѓаните.

Можете да прочитате

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Делови од Скопје утре без струја