Утрински Весник
Македонија

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија

Najnovavest 1 1024x576 1.jpg

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи утрово спроведува обемна акција во неколку градови во Македонија, насочена кон сузбивање на сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на деца преку интернет.

Акцијата се реализира во соработка со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, при што се вршат претреси на вкупно седум различни локации низ државата. Целта е обезбедување на докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и санкционирано со член 193-а од Кривичниот законик.


Во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди, дигитални носачи и други електронски податоци, кои ќе бидат предмет на детална анализа и ќе служат како клучни докази во понатамошната постапка.

Надлежните институции најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додека јавноста ќе биде дополнително информирана за развојот на настаните.

Можете да прочитате

Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

АРМ објави оглас за 300 нови војници

Училиштето знаело за семејното насилство врз Ивана уште од првиот училишен ден