Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Petrushevski.jpeg

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:

Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, и е човек кој е на црната листа на САД, поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија.


Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се види со Дака и да направат некаков бизнис.

Во аудио снимката која пред неколку години излезе на социјалните мрежи, Дака вели дека дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште на Заев за возврат да добие услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Освен Заев, во аудио снимката на која разговараат Дака и Зоки Милески Кичеец, кој инаку е главен посредник на Заев во случајот, се споменува и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Заев, што значи дека тогашната власт на СДС и те како добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на СДС, кои многу добро ги знаат сите фирми на Дака, со кои нивниот шеф Заев веројатно има соработувано и заработувано, за укажувањето за фирмата Хронос Сум дека била во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави како што правеше власта на СДС и Заев, туку напротив, веднаш ќе ги преземе сите законски можности за оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти, иако фирмата ги има исполнето сите услови и законски критериуми, нешто што во времето на СДС и Заев беше мисловна именка.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Одговорот на Мицкоски во врска со Коридорот 8 содржи многу невистини и искривувања

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините 

Утре се одбележува на денот на првата пешадиска бригада