Утрински Весник
Економија

SPAR го отвора првиот маркет во Џевахир Мол во Аеродром

1067px spar norton canes 2021.jpg

Интернационалниот синџир супермаркети SPAR наскоро ќе влезе на македонскиот пазар, преку ребрендирање на постојните Кит-Го маркети, дознава 24инфо.

Според информации од извори во индустријата, првиот маркет под брендот SPAR ќе биде отворен во Џевахир Мол во општина Аеродром, веќе во текот на април. Просторот веќе се уредува според стандардите на брендот, а вработените поминале обуки за работа по SPAR принципите.


Ребрендирањето доаѓа откако околу 60 маркети на Кит-Го низ државата беа преземени за сума од околу 60 милиони евра од косовската компанија Viva Fresh Group, која веќе е присутна на пазарот преку синџирите Viva Fresh Store и други малопродажни брендови.

Во март годинава, Viva Fresh Group дополнително го прошири своето портфолио со преземањето на SPAR Albania од Balfin Group, со што се создадоа услови за проширување на брендот SPAR и во Македонија.

Иако маркетите сè уште работат под името Кит-Го, процесот на транзиција е веќе започнат и се очекува постепено сите објекти да бидат ребрендирани во SPAR.

Брендот SPAR, основан во 1932 година во Холандија, денес е присутен во околу 48 земји со повеќе од 13.800 продавници ширум светот. Компанијата функционира преку лиценцирани партнери и локални оператори, што ѝ овозможува да се прилагодува на специфичните потреби на секој пазар.

Со влезот на SPAR, се очекува зголемена конкуренција во малопродажниот сектор во Македонија, како и нови стандарди во понудата и услугата за потрошувачите.

Можете да прочитате

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Поскапува лебот – 24info.mk

Миноски: Безбедноста на храната – слабата алка во отпорноста на кризи