Утрински Весник
Македонија

ОЈО ќе ја испитува одговорноста на 39 полицајци во случајот со Стојанче

20260330152251 big 730x400 72.webp.webp

Специјализираното одделение при Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе ја испитува постапката на дури 39 полициски службеници во случајот со Стојанче Јовановски, кој се товари за семејно насилство врз својата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја.

Известувањето за утврдени пропусти, подготвено од Министерство за внатрешни работи (МВР), веќе е доставено до обвинителството. Од таму информираат дека предметот ќе биде разгледан од надлежен јавен обвинител, кој треба да утврди дали постои основ за кривична одговорност кај полициските службеници.


Според наодите на одделот за внатрешна контрола при МВР, констатирани се сериозни пропусти во постапувањето по претходните пријави за семејно насилство, што отвора сомнеж за институционален неуспех во заштитата на жртвите.

Во меѓувреме, судскиот процес против Јовановски веќе започна во Основен кривичен суд Скопје. Обвинетиот делумно признал вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но судот не го прифатил признанието, поради сомнеж дека не било дадено доброволно.

На рочиштето, мајката на починатата Ивана Јовановска сведочеше за долгогодишен хорор, тврдејќи дека нејзината ќерка живеела во страв, под постојан притисок и физичко насилство, што оставало видливи траги врз нејзиното тело.

Случајот отвори сериозни прашања за одговорноста на институциите и навременото постапување по пријавите за семејно насилство.

Можете да прочитате

Со „Б“ категорија да може да се возат мотоцикли до 125 кубика: ЗНАМ поднесе предлог-закон

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Салмонела причина за труењето во РЕК Битола, 120 вработени со стомачни тегоби