Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето” на Мијалков која беше дел од бомбите

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ: 

Одлуката на новиот јавен обвинител Ненад Савески да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство е уште еден доказ дека власта системски се обидува да го партизира правосудството со свои инсталации. 


По теркот на Груевски, со договорени судии и обивнители од „тевтерчето” кои граѓаните многу добро го знаат.

Името на Костеска-Здравеска се споменуваше во разговорите од бомбите, меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска во кои се договараше нејзиниот избор.

„Таа што сме ја договарале”, „Ја квалификувавме како наша” „Мажи и у Лустрациска” и „Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот.

Тоа беше разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска (линк до бомбата: https://www.youtube.com/watch?v=n5EZZ07ntsQ , 19.33)

Таа е сопруга на Вецко Здравески кој беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого ВМРО и го лустрираше.

Вака ли Савески ќе спроведува „реформи” со партиските кадри на ВМРО?

Савески треба да одговори дали ова му била дадена како задача лично од Мицкоски?

-Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница.

-Советници на Мицкоски и сопруги на градоначалници на ВМРО се бираат за судии.

-Власта со напади на СЈО за рушење на пресудите и враќање на Груевски.

-Се спрема нова кампања со Боки 13 и Катица Јанева.

-Црни кампањи и јавен линч на опозицијата.

Се враќаме во 2016 година!

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош