Утрински Весник
Свет

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите

20260326072509 big 730x400 42.webp.webp

Четворица мажи се убиени синоќа во американски воен напад врз брод со осомничени трговци со дрога во Карипското Море, соопшти американската армија.

Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека „четворица машки нарко-терористи“ загинале во „смртоносен кинетички напад“ врз брод за кој САД тврдат дека се движел по познати рути за шверц на дрога и бил вклучен во такви активности.


Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци повеќепати наредуваше напади врз бродови во Карибите и источниот дел на Тихиот Океан, наведувајќи дека целта е спречување на прекуграничниот шверц на дрога.

Критичарите оценуваат дека ваквите смртоносни напади во меѓународни води го прекршуваат меѓународното право.

Според официјални податоци, во слични операции досега се убиени повеќе од 130 лица.

Можете да прочитате

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението

Турски танкер нападнат со дронови во близина на Босфорот

Разбиена мрежа на „лажни банкарски советници“ во Париз