Утрински Весник
Македонија

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Apsenje.jpg

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.


Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива

Кавадарчанец возел пијан и со забрана, во автомобилот имал и дрога

Му ветувале работа во странство, тетовец измамен за 2000 евра