
СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“, посочуваат од Министерството.
Како што информираат од МВР, на 3 февруари 2026 година на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.
-Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон, посочуваат од МВР.


