Утрински Весник
Македонија

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

576375004 122098843635109141 5802726802654874202 n.jpg

Утре (среда, 25 март) во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски.

Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на дестина преводи. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Тој е долгогодишен новинар, уредник и колумнист, а во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.


„Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што дејствува како главен лик. Токму во тоа лежи и неговата необичност. Во книжевноста ретко се случува времето да не биде само рамка во која се движат настаните, туку носечка сила што отвора прашања и го диктира внатрешниот ритам на делото.

Можете да прочитате

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Левица: Заеднички фотографии на Томовски и директор на фирма со 160 тендери не се доказ за корупција за ДКСК

Слободата на говорот – што се случува по изговорениот збор?