Утрински Весник
Балкан

Во протестот во Тирана повредени шест полицајци, приведени 14 лица

20260323093253 big 730x400 64.webp.webp

Албанската полиција приведе 14 лица по протестот на опозицијата во Тирана, додека девет од нив се под истрага на слобода. Меѓу приведените имало и малолетници, но тие биле ослободени.

На, протестот беа фрлени молотови коктели врз кабинетот на премиерот, Министерствата за внатрешни работи и Министерството за инфраструктура, во близина на Банката на Албанија, каде што беше цел на нападот седиштето на СП.


Бидејќи полициските сили поставија безбедносни огради, лидерот на Демократската партија, Сали Бериша и демонстрантите не можеа да стигнат до парламентот и поранешната вила на Енвер Хоџа, сега културен центар, кој на минатиот протест беше гаѓан со молотови коктели додека имало настан.

Во немирите повредени се шест полицајци, кои се хоспитализирани, со изгореници на екстремитетите од молотови коктели и пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари ги посети повредените полициски службеници во болницата за трауматологија.

Тој остро го осуди насилството врз униформирани лица, нагласувајќи дека употребата на молотови коктели и други опасни средства против полицајците кои беа на должност да го гарантираат редот и безбедноста е неприфатлива.

Повеќе од три часа, поддржувачите на Демократската партија, предводени  од Бериша, и десничарските пратеници, протестираа во Тирана, предизвикувајќи материјална штета на објекти, запалија полициско возило, контејнери за отпад, а оштетиле и витрини на неколку трговски и други објекти.

Можете да прочитате

Камионџии во Босна и Херцеговина се обидоа да ги блокираат границите, но полицијата ги запре

Криза со гориво во Хрватска – Бензинските станици се затвораат

Што се случува со интернетот во Москва? – Путин подготвува пресметка, учи од Кина и Иран