Утрински Весник
Свет

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна

Davkova sancez.jpg

Шпанскиот премиер Педро Санчез во неделата побара отворање на Ормутскиот теснец и заштита на сите енергетски објекти на Блискиот Исток, по ескалацијата на нападите врз клучните нафтени и гасни проекти во регионот, пишува „Гардијан“ .

„Шпанската влада бара отворање на Хормуз и заштита на сите енергетски капацитети на Блискиот Исток“, објави тој на социјалните мрежи. „Се наоѓаме на глобална пресвртница. Понатамошната ескалација би можела да предизвика долгорочна енергетска криза за целото човештво. Светот не треба да ги плаќа последиците од оваа војна.“ додаде тој.


Иако Санчез не ги именуваше директно Иран или САД, неговиот повик дојде откако Трамп му се закани на Иран во саботата. Тој му даде на Техеран 48 часа да го отвори Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за протокот на светската нафта, или САД ќе „нападнат и уништат“ иранските електрани, „почнувајќи од најголемите“.

Техеран одговори со закана дека „неповратно ќе уништи“ клучна инфраструктура низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги и виталните системи за водоснабдување, доколку САД извршат напад.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија