Утрински Весник
Свет

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Screenshot 2026 03 21 110115.webp.webp

Иранскиот објект за збогатување уран во Натанз беше погоден денеска во напад од воздух, објави официјалната новинска агенција Мизан, наведувајќи дека немало зголемена радијација.

Нуклеарниот објект во Натанз се наоѓа околу 220 километри југоисточно од Техеран. Властите во Техеран ги известиле МААЕ за нападот.


Главниот објект за збогатување на ураниум во Иран беше исто така погоден во првата недела од нападите, а според сателитските снимки, неколку згради беа оштетени.

Во исто време во текот на ноќта и утрото, жителите на Техеран рекоа дека главниот град бил цел на жестоки воздушни напади.

Можете да прочитате

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал