
Мртво женско тело е пронајдено денеска во општина Зрновци, соопшти Јавното обвинителство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството.
Повеќе детали се оечкуваат и од МВР, а одредени медиуми пишуваат дека жената била силувана па убиена, но за такви детали се уште нема потврда

