Утрински Весник
Скопје

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

Dvodnevna rabotilnicza za chist vozduh i odrzhlivi gradovi 3.jpg

„Чист воздух и одржливи градови: современи научни и практични пристапи кон одржливо управување со квалитетот на урбаниот воздух – меѓународни искуства и локални предизвици” беше тема на дводневната работилница која заврши денеска, во рамки на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за ублажување на штетните ефекти преку идентификација на изворите”, чиј носител е Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

За методите за собирање податоци во реално време, моделирање на загадувањето и лабораториска верификација – активности кои се реализираат во текот на проектот, свои мислења, искуства и практики споделија и меѓународни експерти од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), Универзитетот Меквори во Сиднеј, Австралија, Универзитетот во Нови Сад, Србија, Универзитетот за технологија во Киелце, Полска и други релевантни научни институции.


Работилницата имаше за цел да ги промовира современите научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје.

Проектот е дел од предложената мерка на Работниот комитет за енергетика, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и се реализира како дел од процесот на имплементација на Националната развојна стратегија 2024–2044, преку програма предводена од Владата и Генералниот секретаријат, во соработка со УНДП.

Дводневната работилница комбинираше меѓународни и локални искуства преку семинари, практични вежби и дискусии, овозможувајќи студентите и учесниците од академската заедница да стекнат увид во применетите истражувања и да придонесат кон долгорочна експертиза во моделирањето, анализата на квалитетот на воздухот и креирање релевантни мерки за намалување на загадувањето.

Можете да прочитате

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство

Општина Центар со бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите