Утрински Весник
Економија

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, ја информираме јавноста дека индустриското производство бележи драстичен пад од 9,4% во споредба со јануари минатата година.


Ова е јасен показател дека над 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале никаков ефект врз економскиот развој на државата. Напротив, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени овие средства и кои се нивните корисници.

Дополнително, податоците покажуваат и пад од 3,6% на бројот на вработени во индустрискиот сектор – сериозен аларм за економијата и за животниот стандард на граѓаните.

Оваа состојба укажува на континуирано влошување на економските прилики, додека Владата не презема конкретни мерки за поддршка на граѓаните. Во исто време, државниот буџет се соочува со сериозни притисоци.

Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции итно да ја објават листата на компании корисници на средствата од унгарскиот кредит. Падот на индустриското производство со право го поставува прашањето: каде завршија овие средства и како се инвестирани?

Владата мора веднаш да ги информира граѓаните – кои на крајот ќе го носат товарот од враќањето на овој кредит од 200 милиони евра – за начинот на распределба на средствата и за конкретните корисници.

Можете да прочитате

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

Цената на нафтата утрово над 114 долари за барел

Намален прометот во индустријата во јануари