Утрински Весник
Македонија

На екс градоначалникот Папазов не треба да му биде укинат куќниот притвор – тврдат од Обвинителство

Papazov 06.12 960x540 1.jpg

Јавното обвинителство смета дека нема основ за промена на мерката куќен притвор за поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, и се спротивстави на барањето на неговата одбрана за замена со поблаги мерки за претпазливост.

Обвинителот Борче Јанев на рочиште изјави дека во оваа фаза од постапката не постојат околности кои би оправдале укинување на куќниот притвор.


„Јавното обвинителство смета дека треба да се одбие барањето за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост“, нагласи Јанев.

Одбраната на Папазов претходно побарала укинување на куќниот притвор и негово заменување со поблаги мерки, но обвинителството останува на ставот дека актуелната мерка е оправдана.

Судијката Груевска-Илиевска информираше дека Судот ќе се произнесе по ова барање на наредното рочиште.

Инаку, Папазов беше на функцијата градоначалник на Кочани во периодот кога се случи трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, случај кој предизвика силен јавен интерес и отвори бројни прашања за одговорноста на институциите.

Можете да прочитате

 Сиљановска-Давкова денеска ја прими директорката на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот 

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење