Утрински Весник
Македонија

Огњеновиќ: Кога ќе видите сметка за струја знаете – РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски

Image 2026 03 14 120046437.png

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ

Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетијата.


Мрежа, која Антикорупцискиот тим на СДСМ континуирано ја открива пред јавноста.

Иван Куковски е близок до семејството на Мицкоски а бил советник на мистерката за енергетика, Сања Божиноска.

Мицкоски поставува луѓе на клучните позиции во енергетиката, неговиот омилен бизнис.

Зошто РЕК е важен?

Кога се произведува помалку струја мора да се увезува, А кога Македонија увезува струја – цената е многу повисока.

Кој тоа го плаќа, граѓаните нормално.

Во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминуваат 200 милиони евра.

Планирани се околу 5.000 GWh производство а произведени само околу 3.000.

Ова е најлошото производство во историјата на Македонија.

Прашањето е едноставно.

Дали ова потфрлање е случајно?

Граѓаните веќе сами го знаат одговорот.

Ништо не е случајно.

Во РЕК Мицкоски го постави пензионерот, порано советник на Божиновска. Во Развојна банка сопругата на партнерот на Мицкоски во хидроцентралите.  Во Владата Сања Божиновска, директно поврзана со „Руднап груп”.

Од офшор компаниите на Кипар,  Адамовиќ,  па до „Руднап груп” и поврзаноста со Сања Божиновска.

Се е тоа дел од една иста бизнис мрежа.

Сите блиски до оваа мрежа на Мицкоски се поставуваат на клучни позиции во енергетиката.

Сè е бизнис за Мицкоски.

А најомилен му е бизнисот со струја.

Кога ќе видите поскапа сметка за струја, знаете зошто!

Можете да прочитате

По расправија маж бил физички нападнат, а потоа и удрен со возило

Пријави за семејно насилство во повеќе градови, приведени шест лица

Вчера уапсени 21 возач, од нив 11 возеле без возачка