Утрински Весник
Спорт

Македонија поразена од Летонија – 24info.mk

Fudbaleri 696x391 1.gif

Фудбалската репрезентација на Македонија беше поразена од Летонија со 2-0 во вториот контролен натпревар одигран во Скопје, со што двете селекции остварија по една победа во меѓусебните тест дуели.

Селекторот Иљами Исени за овој натпревар направи повеќе промени во стартниот состав, со цел да им даде минутажа на сите повикани фудбалери во рамки на двата контролни натпревари против Летонија, објави 4news.mk


Гостинската селекција подобро го отвори натпреварот и рано дојде до предност. Адрианс Куракинс погоди уште во 5. минута, носејќи им водство на Летонците. Конечните 2-0 ги постави Андрис Аизсилниекс со гол во 69. минута од средбата.

На првиот контролен натпревар, кој беше одигран во средата на ФФМ комплексот „Петар Милошевски“, македонската репрезентација славеше со 2-1 против Летонија. Со тоа двата тима ги завршија тест натпреварите во Скопје со по една победа.

Можете да прочитате

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија