
Рускиот воен суд ги осуди на доживотен затвор четворицата главни сторители на исламистичкиот терористички напад врз московската концертна сала во 2024 година, објавија денеска руските медиуми.
Петнаесет други соучесници, исто така, се осудени на доживотни казни затвор или затворски казни од 19 до 22 години за нивните улоги во нападот, во кој загинаа речиси 150 лица, а повеќе од 300 беа повредени.
На 22 март 2024 година, четворица мажи нападнаа рок концерт во концертната сала Крокус во предградието на Москва, каде што извршија масовна стрелба и потоа го запалија објектот.
Според различни извештаи, во терористичкиот напад загинаа помеѓу 147 и 149 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде огранок на милитантната група Исламска држава во Авганистан.

