
Корупцијата доведе до трагедијата во Кочани, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус”. Филипче посочи дека токму поради корупција падна настрешницата во Нов Сад во Србија а во Кочани исто поради корупција се случи трагедија во која 63 млади лица го загубија животот.
„Еднаш реков дека Србија има натстрешница, а Македонија Кочани. Она што најмногу е заедничко е корупцијата! Корупцијата што ја водат ВМРО и СНС. Таа корупција доведе до паѓање на натстрешницата во Нови Сад, а изгледа дека истото доведе и до трагедијата во Кочани”рече Филипче.
Тој додаде дека наместо одговорност и искрена помош, Мицкоски исто како и Вучиќ, од трагедијата направи ПР.
„Ако се сеќавате, Вучиќ одеше во болница со голем број камери и ја снима посетата на повредените. Замислете повредени што се на стерилни одделенија, без право на посета за да не дојде до инфекција, а тој носи цела свита заради својата кампања. Веднаш потоа Мицкоски го направи истото. Дали се свесни дека можеле да им го загрозат животот на тие пациенти? До каде оди и што ризикуваат, само заради кампања?”, посочи Филиче.
Во интервјуто Филипче нагласи дека државата со ВМРО на власт „киксна” на секое поле.
„Овде нема држава, овде има криминална организирана група – ВМРО”, рече Филипче.


