Утрински Весник
Македонија

Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци, алармираат од МВР

Ohrid svr policija.jpg

Лажни пораки наводно испратени од МВР за сообраќајни прекршоци стигнуваат до граѓаните. Од СВР Охрид алармираат граѓаните да не наседнуваат на овие измами и да не ги отвораат линковите за наплата.

Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок.


Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти.

СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.

„Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства“, велат од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за „Сејф сити“

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков, тој ги отфрла обвинувањата

Расте бројот на компании задоволни од бизнис-климата во Македонија вели Мицкоски