Утрински Весник
Економија

СДСМ: Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не, владата на Мицкоски профитира од народот 

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. 

Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува?

Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи.

Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.

Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.

Во ек на нафтената криза, РКЕ го смени начинот на одредување на цените на горивата. Да важеше стариот систем на пресметка, РКЕ денес ќе мораше да ја намали цената на горивата и граѓаните веќе од утре ќе купуваа поевтин бензин и дизел.

Вака граѓаните плаќаат поскапи горива, 3 милиони евра повеќе за само 7 дена. Толку ги чини граѓаните оваа одлука на владата на Мицкоски.

За Мицкоски и неговата Влада сè е бизнис – дури и кога граѓаните плаќаат поскапо секој ден.

Можете да прочитате

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење