Утрински Весник
Македонија

Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен обвинител

Nenad 3.jpg

Владата на денешната седница го усвоила предлогот судијата Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител, објавија повеќе медиуми.

Савески е поранешен обвинител, а сега во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција.


Официјално соопштение за предлогот на Владата сѐ уште нема.

Предлогот на Владата ќе треба да оди во Собранието, каде за избор на Савески треба да гласаат најмалку 61 пратеници.

За оваа позиција се пријавија пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив: Анита Тополова-Исајловска (сегашна вршителка на должност), Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески.

Можете да прочитате

СДСМ: 98 дена ДКСК молчи за криминалните тендери на власта

Итна седница на Националното координативно тело –  ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони

Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Северна Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина