Утрински Весник
Македонија

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

1 54.jpg

Соопштение за јавност на Демократски сојуз:

Демократски сојуз укажува на потребата од единство и ги повикува сите партии да покажат државничко однесување и да не создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните, користејќи ја војната на Блискиот Исток (Иран) за дневно политички поени. Негативните рефлекси се присутни насекаде во светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат и се создава нервоза и психоза на несигурност, при што на вакви состојби најчувствителни се пазарот и берзите, но и вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенси итн.


Многу брзо војната  ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во Украина.

Македонија треба и натаму да ја следи политиката на САД и ЕУ, водејќи сметка за нашите стратешки и национални интереси.

Во овие турбулентни времиња и геостратешки и безбедносни раздвижувања, неопходно е разумно, одговорно и трпеливо однесување.

Можете да прочитате

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

Перински и Љутков од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој