Утрински Весник
Свет

Трамп: Премногу е рано да се дискутира за преземање на иранската нафта, но не го исклучувам тоа

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, иако не сака во моментов да зборува за преземање на иранската нафта, не ја исклучува таа можност.

Во телефонско интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп наведе дека „сигурно имало разговори за тоа“, притоа споменувајќи го примерот на Венецуела, каде што САД во јануари спроведоа акција за апсење на лидерот на таа земја Николас Мадуро и оттогаш презедоа чекори за да ги обезбедат и искористат венецуелските нафтени резерви.


Во својот говор за состојбата на нацијата минатиот месец, Доналд Трамп изјави дека САД веќе добиле повеќе од 80 милиони барели нафта од Венецуела.

– Погледнете ја Венецуела. Луѓето размислуваа за тоа, но премногу е рано да се зборува за тоа – рече тој.

Преземањето на дел од иранската нафта би можело да ги наруши односите на САД со Кина, каде што оди околу 80 отсто од иранскиот извоз на сурова нафта, наведува Ен-Би-Си.

Трамп во разговорот се осврна и на други теми, вклучувајќи го и новиот врховен лидер на Иран. Тој го повтори незадоволството поради изборот на новиот врховен лидер на Иран по смртта на ајатолахот Али Хаменеи во воздушен напад на почетокот на војната.

Шиитските верски лидери го избраа неговиот 56-годишен син, Моџтаба Хаменеи, за наследник, за кого се смета дека е претставник на тврдата линија, пренесува Ен-Би-Си.

– Мислам дека направија голема грешка – рече Трамп за одлуката синот на Хаменеи да се постави на чело на Иран.

Можете да прочитате

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната

Данската принцеза Изабела почна со воена служба

Речиси два милиони евра приходи за Кипар од царината за мали пратки од трети земји