Утрински Весник
Македонија

Лекарот што констатирал природна смрт кај 35-годишната жртва од Куманово повикан на распит

Img 9623.png

Обвинителството го повика на распит лекарот кој првично констатирал природна смрт кај 35-годишната Марија Маринковска, една од жртвите поврзани со случајот на осомничениот сериски убиец од Куманово.

Според информациите до кои дојде Телма, станува збор за лекар кој во моментот на пронаоѓањето на телото бил ангажиран како замена за друг доктор.


Случајот отвора сериозни прашања за постапувањето на надлежните служби на терен. Имено, иако лекарскиот тим потпишал дека на телото нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт, сведоци за Телма тврдат дека една од докторките во тимот изразила сомнеж дека станува збор за насилна смрт.

Дополнително, според сведоштвата, полицијата извршила притисок врз родителите и роднините на починатата да потпишат изјава дека нема да бараат обдукција.

Сепак, по барање на Обвинителството подоцна била извршена ексхумација на телото, по што обдукционите наоди покажале дека Маринковска не починала од природна смрт, туку дека станува збор за убиство.

Во меѓувреме, истрагата за случајот продолжува, а надлежните институции треба да утврдат дали имало пропусти во првичната постапка на терен.

Можете да прочитате

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец

Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН