Утрински Весник
Македонија

Конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство

1000008613 e1773070792265.jpg

На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избраа министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата се дискутираше за  Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.

Следната седница е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе им биде доставен текстот на измените на Изборниот законик кој ќе биде работен документ а  го подготви Министерството за правда во јуни 2025 година  во кои се вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР.


Министерот за правда Игор Филков изјави дека целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики.

,,Овој процес бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократскиот развој на државата и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес”,рече Филков.

Министерството за правда останува целосно посветено на транспарентен и ефикасен процес, со јасна динамика и конкретни резултати во периодот што следува.

Можете да прочитате

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец

Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН