Утрински Весник
Свет

Новинар на Си-Ен-Ен од Техеран: „Паѓа црн дожд по израелските напади“

20260307092900 big 730x400 96.webp.webp

Речиси десет милиони жители на Техеран утрово се разбудиле под густи црни облаци, откако израелски напади погодиле нафтени складишта во иранската престолнина, јави од терен новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген.

Според неговото сведоштво, во градот паѓал дожд кој изгледал темен и загаден со нафта по пожарите што избувнале на погодените објекти.


„Може да се види дека дождот, односно дождовницата, е всушност црна – изгледа како да е заситена со нафта. Тоа е она што утрово паѓа врз иранската престолнина, своевиден дожд помешан со нафта, по нападите што се случија“, изјави Плајтген во јавувањето од Техеран.

Израелската војска претходно соопшти дека погодила складишта за гориво во Техеран кои, според нивните информации, дистрибуирале гориво до различни корисници, меѓу кои и воени структури во Иран.

„Станува збор за значаен напад кој претставува дополнителен чекор во продлабочување на штетата нанесена врз воената инфраструктура на иранскиот режим“, соопштија Израелските одбранбени сили.

Можете да прочитате

Халкбанк и американското обвинителство со договор за затворање на долгогодишниот судски спор

СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран

Најмалку 20 загинати во израелски напади врз јужен Либан и предградијата на Бејрут