Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во југозападниот дел од земјава, епицентарот во Грција

Zemjotres2.jpeg

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 4 часот и 32 минути во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 200 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Кривична за полицаец, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

ДОМ: Изгласани нетранспарентни законски измени во областа на рударството и минералните суровини со штетни последици по природата и здравјето на граѓаните