Утрински Весник
Македонија

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Filipce zmejodelci j 4.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне на земјоделците. На средбата земјоделците беа револтирани од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.


Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.

„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка”, рече Филипче.

Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.

„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство”, рече Филипче.

Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките.

Можете да прочитате

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

Тошковски: Вчера двајца завршија во притвор поради семејно насилство, денес уапсени се уште двајца