Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Има доволно нафта и нафтени деривати

Mickoski 2.jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски порача денес дека има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи одлуки врз основа на методолгоија.


– Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднич ки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Сведок на судењето на полицајците за „Пулс“: Побаравме помош од полицаец да го качиме повредениот другар во автомобил, тој нè одби

Пронајдена марихуана во возило, уапсени пет лица

Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД: Размената на искуства и знаења е клучна за унапредување на полициските капацитети