Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло со температури до 18 степени

Vreme.webp.webp

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.


Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол